И до 4.000 евра помалку за увоз на автомобил, предложени измени за поевтин увоз на автомобили
Пратеникот Миле Цеков поднесе предлог за измени на Законот за данок на моторни возила, со кој се предвидува значително намалување на давачките при увоз на автомобили.
Предлогот содржи две конкретни мерки – укинување на вредносната компонента, позната како данок на луксуз, за автомобили со вредност до 20.000 евра, како и укинување на давачката за емисија на јаглерод диоксид (CO₂) за возила што го исполнуваат еколошкиот стандард ЕУРО 6 или повисок.
Според пресметките што ги објави Цеков, за автомобил со вредност од 15.000 евра и ЕУРО 6 стандард, граѓаните наместо досегашните 6.000 до 7.000 евра давачки би плаќале околу 2.700 евра.
Тоа би значело заштеда од приближно 3.000 до 4.000 евра при увоз на едно возило.
Предложените измени имаат цел да го намалат финансискиот товар врз граѓаните при купување автомобили и да го поттикнат увозот на возила со повисоки еколошки стандарди.
Засега станува збор за законски предлог, кој треба да ја помине собраниската процедура за да стапи во сила.
Ново на Сител
-

Паѓа невработеноста, расте неформалната економија
-

Почна сезоната на грип - за една недела во ИЈЗ пријавени се 188 случаи
-

Преглед на вестите од светот
-

Балканските лидери денеска во Охрид бараат заеднички одговори за европската иднина на регионот
-

Тошковски: Боди камерите во иднина ќе бидат основна опрема за полицијата
-

Уставен ќе одлучува за колективниот договор за култура, синдикатот на протест
-

ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се анализираат цените на становите во секоја општина поединечно
-

СДСМ со документ: Директорката на српската Алта груп поседува фирма во Скопје
