И годинава 1000 здравствени работници ќе одат на обука во познати светски медицински центри
Ехо на срце кај новороденчиња на Клиниката за гинекологија и детска пулмоалергологија во болницата во Козле се само дел од новите методи кои минатата година за прв пат почнаа да се применуваат во Македонија, по едукацијата на наши лекари во познати странски болници. Лани 1000 здравствени работници биле на обука во странство, а од 2012 реализирани се близу 2100 едукации.
- Сакам да истакнам дека над 70% од докторите испратени на едукации во странство (од вкупно 1.269 испратени доктори досега на едукација), применуваат нови методи во своите матични установи, односно методи кои се нови за докторот што бил пратен на едукација, или се нови за установата во која што е вработен докторот. Некои методи претходно не се изведувале во установата во која што работел докторот, а некои методи воопшто не
се работеле и во други јавни здравствени установи. изјави Никола Тодоров, министер за здравство.
И годинава 1000 здравствени работници од цела Македонија ќе заминат на едукација во над 50 болници во светот со кои министерството за здравство има потпишано договор.
- Министерството за здравство формираше и Комисија за проверка на знаењата стекнати од едукациите, која е составена од реномирани академски професори. На месечно ниво се одржуваат по неколку состаноци на комисијата каде се разговара и подетално се анализираат стекнатите знаења и вештини од едукациите во странство, додаде Тодоров.
Покрај едукациите 15-тина македонски лекари заминале на специјализација или субспецијализација во еминентни медицински центри во регионот.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
