Македонија
14. February 2021 - 16:44

И Охрид под снег

Снегот кој од вчера непрекинато паѓа го парализира Охрид. Ниските температури и силниот ветер предизвикаа проблеми во сообраќајот особено на повисоките места, а отежнато е и движењето пеш низ градот. Од Јавното комунално претпријатие велат дека од вчера 100 работници со целокупна механизација и расположлива опрема се на терен и ги чистат фрекфентните сообраќајници, периферните населби, како и сите критични делови од градот.

Од Центарот за управување со кризи велат проодноста кон повисоките места е отежната, а најкритично е во струшкиот регион каде некои планински села се целосно отсечени.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција ја обвинија локалната и градоначалникот Гергиески за непроодни и блокирани улици низ градот со што е загрозена безбедноста на граѓаните.

Според информациите на Управата за хидрометеоролошки работи, снежната покривка во Охрид во 7 часот е 22 сантиметри. Инаку иако граѓаните имаат обврска да ги расчистат пристапите до своите домови и пред деловните простори, засега нивниот придонес е незначителен.