И оризопроизводителите излегуваат на протест
Половина од минатогодишната реколта на оризова арпа стои по амбарите. Откупната цена постојано паѓа или нема откуп, а се намалува и рандманот, односно, ако после жетвата од килограм арпа се добиваше помеѓу 50 и 60 % бел ориз, сега, поради калирање, се добива само 40 %. Ѓубривата и пестицидите се поскапени, а расте и цената на нафтата.
- 50 % од лани стои непродадено, а за 2 месеци ќе имаме нова реколта, што значи ќе имаме принос од плус 1500 ха. Земјоделците во моментот буквално работат само за (земјоделските) аптеки и бензинските пумпи –изјави Здравко Арсов, оризопроизводител од с.Облешево.
Голем дел од оризарите одгледуваат и јачмен и пченица, а со приходот од приносите ги покриваат дел од трошоците за оризо производството. Меѓутоа при крајот на жетвата, откупната цена е разочарувачка.
- Цената е 8,5 до 9 денари за килограм пченица. Не се исплати, ние имаме просек по 250 кг по единица декар. Со 8,5 денари основните трошоци не можеме да ги покриеме, додаде Арсов
Во знак не револт поради игнорантскиот однос на ресорното министерство, земјоделците од Истокот утре ќе присуствуваат на генералниот протест во Прилеп.
- Имавме неколку барања, доставени се до министерот за земјоделие, повратна информација нема и е одговорено негативно на се што побаравме- изјави Арсов
Доколку барањата не им бидат исполнети, Арсов најави дека во иднина ќе се организирааат масовни регионални протести со блокада на сообраќајниците.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар