И ова сабота протести ширум Франција

Ширум Франција и денеска се одржуваат протести на младите и на Движењето Жолти елеци за поголеми плати, зголемување на средствата за образование, како и за поголема заштита на децата и адолесцентите.
– За денеска низ цела Франција се очекуваат од 50 до 60 собири, изјави францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез.
Тој додаде дека поради протестот ангажирани се 70.000 полицајци и жандарми, како и за претходните три демонстрации, што почнаа на 24 октомври.
Протестите во Франција почнаа на 24 октомври и оваа е четврта сабота по ред н
Во Париз протестот против високите цени почна од Плоштадот Република, поради што се затворени 21 метро станици долж рутата на демонстрантите.
Се очекува на протестот во Париз да се приклучат и активистите против насилство над децата и адолесцентите, како и активистите за заштита на климата. Се проценува дека на улиците на Париз ќе има од 30.000 до 60.000 луѓе
Собири се најавени и во Бордо, Рен, Лион и Марсеј.
Во Тулуз мирно заврши собирот на левичарските партии и синдикатите, на кој според полицијата учествувале 1.800 луѓе, додека според организаторите нивниот број изнесувал 6.000.
МИА
Ново на Сител
-

Неуспешен тест на „СпејсЕкс“ со ракетата „Старшип“, првиот сегмент на ракетата заврши во морето
-

АХВ: Почна дистрибуцијата на вакцините за болеста сипаници кај овци и кози до ветеринарните друштва
-

Николоски: Делницата Извор-Врбјани наскоро во функција, автопатот Кичево-Охрид до мај целосно завршен
-

Од утре задолжително поседување зимска опрема за возилата
-

Куба се подготвува за можна воена агресија, изјави претседателот Дијаз-Канел
-

САД ја укинаа забраната за летови, се очекуваат доцнења
-

Трамп ќе се сретне со Путин и Шји следната седмица, потврди Белата куќа
-

„Мајкрософт“: Обновени услугите на „Тимс“, „Аутлук“ и „Копилот“ по глобалниот прекин
