Македонија
18. March 2021 - 12:32

И покрај пандемијата расте бројот на туристички капацитети во Охрид

И покрај пандемијата во Охрид расте бројот на регистрирани станиздавачи. Не само што има зголемен интерес за нудење сместување долж охридското крајбрежје туку од година во година се подобрува и квалитетот на категоризацијата на сместувачките објекти. Над 80 посто се со категорија комфорт, вилите, становите и апартманите се со високо квалитетно сместување.

Моментално бројот на станоиздавачи е нешто повеќе од 3000 а се очекуваат нови барања и оваа сезона велат од секторот за туризам од каде најавија и субвенции за повеќе туристички гранки.

Пандемијата со корона вирусот ја зголеми побарувачката за купување на недвижности но и цените на становите во градот. Најатрактивни се локациите во централното градско подрачје, и покрај брегот на Охридското Езеро.