И покрај повисоките цени, „Октоберфест“ годинава заврши со рекорден број посетители

Овогодишниот „Октоберфест“ заврши со рекордни 7,4 милиони посетители, со што беше соборен рекордот од 2023 година од 7,2 милиони гости, соопштија властите во Минхен.
Поволните временски услови и умерените температури придонесоа за рекордната посетеност. Во саботата – претпоследниот ден од фестивалот, организаторите беа принудени да го затворат пристапот до фестивалскиот простор „Терезиенвизе“, поради огромниот прилив на луѓе. Рекордниот број посетители беше проследен и со рекордна потрошувачка на пиво. На годинешниот, 191. „Октоберфест“, се испиени 6,7 милиони литри пиво, што претставува зголемување од 2,7 отсто во споредба со минатата година.
Цената на традиционалната кригла пиво од еден литар, исто така, достигна рекордно ниво оваа година, со просек од 15 евра.
Угостителите пријавија и зголемување на продажбата на храна за 2-3 отсто. Особено порасна продажбата на традиционалната порција половина печено пиле, и покрај просечната цена од 18 евра (без прилози).
Посетителите од САД, Италија и Австрија беа на чело на листата на странски гости. Градот Минхен го проценува вкупното економско влијание на овогодишниот „Октоберфест“ на 1,59 милијарди евра.
МИА
Ново на Сител
-

23 септември - ден на знаковниот јазик
-

Преглед на вестите од светот
-

Со изведување докази продолжува судењето за злоупотребите во Државна лотарија
-

Откриена нелегална плантажа со 680 килограми марихуана, приведени две лица
-

Националната стратегија за борба со корупцијата пред пратениците
-

Следната недела средба за правосудниот испит
-

Дел од граѓаните не знаат за своето културно наследство
-

Детството се сели на интернет, сè помалку игра, сè повеќе екрани
