Македонија
20. December 2020 - 16:31
И уметниците погодени од корона кризата
Уметноста во време на пандемија дише на шкрги. Иако инспирација и создавање на нови дела има сепак продажбата на е драстично намалена, нема побарувачка за нивните уметнички творби, а изостанаа и изложбите во галерискиот простор. Тие сметаат дека уметноста не е на заслуженото ниво.
Со оглед на тоа дека уметниците се најголемите промотори на една земја чие творештво остава траен белег во времето, колегите од странство добиле огромна поддршка од државата.
Инаку во повикот објавен од Министерството за култура предвидена е финансиска поддршка на уметниците како еднократна исплата на средства за период од три месеци во износ од 14.500,00 денари до 21 500, зависно од остварените приходи во текот на 2020 година.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
