И Владата и СОНК се повикуваат на устав и закон - Кој е во право?
Во услови кога и двете страни имаат уставно загарантирани права и се повикуваат на закон и СОНК и министерствата различно да гледаат на штрајкот.
Од една страна уставно загарантирано им е правото на штрајк на работниците кое патем е уредено и со кривичниот закон доколку бидат спречени да го остварат, од друга страна пак правото на децата за згрижување и образование е уставно и законски гарантирано како и со конвенција на ОН.
Народниот правобранител потенцира дека будно ги следи настаните и апелира до двете страни за брзо решение.
Каде е решението ? Повеќето академски професори стручни во областа на правото кои ги побаравме за став не сакаа јавно да зборуваат но истакнаа дека во овој случај во законот не е прецизно дефинирано како просветните работници би овозоможиле непрекината настава кога штрајкуваат.
За разлика од нив полицијата, лекарите или други дејности имаат јасни правила и можност да штрајкуваат притоа без истото да биде на штета на правата на одредена група граѓани.
Експертите по уставно право потенцираат дека законот предвидува права но и обврски кои треба да се почитуваат.
И од социјален аспект во оваа доста сложена ситуација единствен излез е пред се темелна реформа во образованието. Ниту едната ниту другата страна не можат доследно да ги реализираат своите права во овој случај бидејќи тоа е невозможно
Во меѓувреме штрајкувачите се жалат на притисоци а пак родителите се соочуваат со проблеми на работните места. Товарот неизбежно е да падне на учениците кои пак ќе мора да учат и во сабота доколку не се најде друго решение.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
