ИЕА предлага најголемо активирање на нафта од стратешките резерви

Меѓународната агенција за енергија (ИЕА) предлага најголемо активирање на нафта од стратешките резерви во историјата, со цел да се ограничат цените на суровата нафта, кои се зголемија американско-израелската војната против Иран.
„Волстрит џурнал“ повикувајќи се на неименувани извори објави дека на вчерашниот состанок на ИЕА било договорено да се активираат итните резерви. Но, секоја од 32 земји-членки на ИАЕ денеска треба да донесе одлука. Одлуката за активирање на стратешки резерви може да биде одложена дури и ако само една држава се спротивстави.
ИЕА има стратешки резерви на нафта како дел од систем за итни случаи дизајниран да им помогне на земјите да ги надминат кризите на цените на нафтата. Земјите-членки на ИЕА се должни да имаат резерви на сурова нафта доволни за најмалку 90 дена потрошувачка, кои можат да се пуштат на пазарот во случај на прекини во снабдувањето.
Вкупно, земјите-членки на ИЕА имаат повеќе од 1,2 милијарди барели јавни резерви на нафта за итни случаи и дополнителни 600 милиони барели резерви што ги држи индустријата врз основа на владини обврски. Глобалните резерви на нафта и природен течен гас се нарушени повеќе од една недела поради блокадата на Ормуски Теснец
ИЕА во два наврати во 2022 година, по руската инвазија врз Украина, ослободи 182 милиони барели нафта.
МИА
Ново на Сител
-

Законот за јавно обвинителство ја помина првата фаза во Собранието со поддршка од 75 пратеници
-

Странските компании го намалуваат бројот на вработени
-

Хегсет: Денес ќе ги изведеме најинтензивните американски напади врз Иран
-

Конференција „Фер игра“: Поддршка за родова еднаквост во спортските политики
-

Владата засега не гледа потреба за мерки за намалување на цените на бензините
-

ДУИ: Државата итно да превземе мерки за заштита на стандардот на граѓаните
-

Државниот пазарен инспекторат излегува на терен, ќе се следат цените на прехрамбените производи
-

Преглед на вестите од светот
