Законот за јавно обвинителство ја помина првата фаза во Собранието со поддршка од 75 пратеници
Со поддршка од 75 пратеници Собранието ја донесе потребата од носење на новиот Закон за јавно обвинителство.
Построги дисциплински правила, без чување предмети во фиока, почесто и вонредно оценување на работата на обвинителите, но и самостоен буџет се дел од новитетите во законот. Министерот за правда вели, законот е потребен за сериозно реформирање на системот и поефикасна борба против криминалот и корупцијата
И пратениците од опозицијата се согласни дека на Македонија итно и е потребен нов Закон за јавно обвинителство, но имаат бројни забелешки на предложениот текст кој најавија дека ќе се обидат да го подбрат преку амандмани. За сериозно рефомирање на целиот систем според дел од нив, потребни се измени на Уставот со кои јавниот обвинител ќе се гласа, но и ќе се разрешува со двотретинско мнозинство. Од ВМРО-ДПМНЕ пак ги потсетија дека за време на нивното владеење, јавните обвинители се користеа за закани кон неистомисленици, а довербата во судскиот систем падна на 2%.
На барање на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ следните денови ќе се одржи и јавна дебата за законското решение, кое е дел од реформскиот пакет закони. Експерти професори и граѓански организации ќе имаат можност да дадат забелешки за подобрување на текстот.
Потоа законот ќе се влезе во втората фаза во собранската комисија за политички систем, па повторно ќе се најде на пленарна седница за негово конечно донесување.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
