ИЈЗ со препораки за заштита на повозрасните од топлото време

Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) утрово објави јавноздравствени препораки за заштита на лицата над 65 години во услови на високи температури. Оттаму нагласуваат дека оваа група на луѓе се посклони кон здравствени проблеми поврзани со топлината. Потсетуваат дека согласно националните и меѓународните препораки, овие лица се категоризирани како таканаречена „ризична категорија“.
- Зошто? Бидејќи потешко се прилагодуваат на температурните промени, имаат поголема веројатност да имаат хронична здравствена состојба, да користат редовна терапија што може или ги менува нормалните реакции на телото на топлина, појаснуваат од ИЈЗ.

Се апелира повозрасните да избегнуваат изложување на сонце, како и работа на отворено, во периодот од 11 до 17 часот. Да носат лесна, светла и памучна облека, заштитни очила за сонце, капа со висок свод и широк обод и крем со УВ фактор 30+ при изложување на сонце. Да се пие повеќе од вообичаено и да не се чека додека не се почувствува жед за вода. Алкохолните пијалаци да се избегнуваат, како и оние што содржат кофеин, но и екстремно ладните. Доколку лекарот им има поставено некои ограничувања за внес на течности, да се консултираат со него.
Се препорачува да се избегне користење шпорет, рерна и слични уреди од 11 до 17 часот.

- Хроничните болни, посебно оние со болести на кардиоваскуларниот систем, невролошките и белодробните болести, потребно е да бидат посебно дисциплинирани по однос на овие препораки и да ја земаат својата редовна терапија, нагласуваат од ИЈЗ.
За сите промени во здравствената состојба, како што се истакнува, задолжително да се консултира избраниот матичен лекар.

Од ИЈЗ додаваат и да се информираат семејството, пријателите и соседите за препораките и мерките за заштита од топлото време.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, дневните температури во текот на денов ќе достигнат и до 41 степен Целзиусов. Времето се очекува да биде сончево и многу топло.
Ново на Сител
-

Стави се себе на прво место | Марија Маријановиќ | Sitel Podcast 131
-

Лазаров го објави списокот ракометари за Европското првенство
-

Маж од Градско излетал од коловозот со автомобил кај мостот на Црна Река и се здобил со тешки повреди
-

Приведен 45-годишник од Кичево, при претрес на неговиот дом пронајдена е дрога
-

Мицкоски: Апелација со правосилна пресуда утврди дека СДСМ изнесувала невистини и тешки клевети за мене, без докази и без основа
-

Бензините поевтинуваат за два денари
-

Зеленски: Украински преговарачи заминуваат во САД на разговори за прекин на војната
-

Сведок од ФЗО во „Онкологија 2“: Се бараа повеќе пари за набавка на терапија поради зголемен број пациенти
