Илон Маск: Не земам дрога

Илон Маск синоќа објави на X дека не користи дрога, еден ден откако „Њујорк Тајмс“ напиша дека за време на изборната кампања, довчерашниот соработник на Доналд Трамп зел значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки.
„Да бидам јасен, јас НЕ земам дроги! „Њујорк тајмс“ лаже. Пред неколку години користев кетамин на рецепт и тоа го објавив на X, така што ова не е ништо ново. Оттогаш не сум го земал“, напиша најбогатиот човек во светот.
Во својот напис од петок, „Њујорк Тајмс“ објави дека Маск за време на изборната кампања во САД консумирал значителни количини на кетамин, анестетик со стимулативни ефекти, екстази и халуциногени печурки.
Илон Маск, извршен директор на X, Tesla и SpaceX, претходно јавно изјави дека користи ниски дози на кетамин за борба против депресивните тенденции и дека тоа му помага да работи поефикасно.
„Њујорк тајмс“ ја темели својата статија на приватни пораки и интервјуа со повеќе од 10 лица кои го познаваат Маск или работеле со него.
„Волстрит џурнал“ минатата година објави дека Маск во минатото повремено користел дрога. Некои членови на одборот на „Тесла“, неговата компанија за електрични возила, беа загрижени за неговата употреба на лекови, вклучувајќи го и „Амбиен“ за лекување на проблеми со спиењето.
Маск во петокот поднесе оставка од американската администрација каде што беше задолжен за намалување на федералните трошоци. Тој рече дека го прави тоа затоа што ги запоставил своите бизниси.
Ново на Сител
-

Без вода утре ул. „Драгиша Мишовиќ“ во Карпош
-

Почна зимата
-

Поради намалена видливост откажани се 20 летови на скопскиот аеродром, слетале само авионите од Дортмунд и од Виена
-

Песков: Не е планиран телефонски разговор меѓу Путин и Трамп, ќе го организираме по потреба
-

Двајца македонски државјани загинаа во тешка сообраќајка на патот Белград – Ниш
-

Лавров: За секоја акција постои реакција
-

Мицотакис: Од 27 барања на земјоделците, само седум не можат да се исполнат
-

Намалена видливост поради магла на неколку патни правци низ државава
