Има ли излез од ќорсокакот во кој влезе Град Скопје?
Град Скопје се наоѓа во статус кво сметаат експерите. Доколку градоначалничката Арсовска не добие поддршка од ниту една од поголемите политички партии во советот, проектите од програмата не може да ги реализира. Неизвесно е како ќе тече нејзиниот мандат доколку продолжи оваа ситуација, бидејќи сето ова се одразува на функционирањето на јавни претпријатија. Проблемите допрва ќе испливуваат на површина сметаат познавачите на локалната самоуправа.
Според Ангелов последните случувања го вклучиле алармот и се доволна причина да се направат измени во законот, со кои ќе може преку референдум да биде отповикан градоначалник доколку се јави незадоволство кај граѓаните. Дополнително и измени во системот на финансирање, кој е премногу зависен од централниот буџет.
Претседателот на Советот на Град Скопје смирува дека и покрај последните случувања, советниците нема да дозволат политичките пресметки да одат на штета на граѓаните.
Според законот за локална самоуправа, градоначалникот не може да биде разрешен, доколку сам не се откаже од функцијата. Додека пак, за советот За се предвидени повеќе законски мерки доколку не успеат да изгласаат одредени одлуки, како времено финансирање па дури и распуштање на советот и распишување нови избори како случајот во Тетово.
-

Мирјана Давидовска
Сите содржини од овој новинар
