Имаме ли Комисија за заразни болести?
Дали некој ја менаџира Ковид кризата?
Во период кога бројките на нозозаразени повторно растат, а дневно имаме и по десетина починати, првиот човек во здравството последен пат во јавноста се појави пред 20-тина дена со изјава за медиумите на настанот на кој присуствуваше, а прес конференција на тема Ковид последен пат беше одржана пред изборите.
Повеќе од половина година во јавноста го нема и претседателот на Комисијата за заразни болести. Иако и денес побаравме, не добивме изјава од доктор Жарко Караџовски, дали Комисијата за која тој постојано тврдеше дека постапува независно и покрај политичката криза планира да препорача нови мерки?
Според информации на Сител, Комисијата во полн состав се состанала летото, и од тогаш нема официјално соопштение за било какви одлуки на Комисијата.
Од министерството пак тврдат дека членовите на Комисијата биле во постојана комуникација и координација и ја следеле состојбата во земјава и регионот.
-Комисијата за заразни болести секојдневно е во постојана комуникација и координација и ја следи состојбата во земјата и регионот. Засега нови предлози за заштита од Ковид19 нема. Согласно анализите на ИЈЗ нема рапидно зголемување на пациенти со Ковид во болниците, ниту пак е забалежан раст на позитивни од тестирани за Ковид 19, одговорија од мз.
Инаку според стаистиката од дневните извештаи само последните 7 дена во земјава има 3525 нови случаи со Ковид, а починале 79 лица, а претходната седмица дена имало 2800 новозаразени и 71 починат.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
