Македонија
8. April 2022 - 16:31

Имаше ли ефект вакциналниот караван за подигање на нивото на вакцинирани?

За 0,03 проценти е зголемен бројот на вакцинирани во државата со Караванот за имунизација. 14 дена колку што траеше проектот со мобилните пунктови, вакцини примиле 230 граѓани од градски и рурални места, односно општини каде опфатот бил мал. Најголем број од нив биле за трета а многу малку за прва доза. Од Министерството за здравство кои проектот го правеа со поддршка на СЗО и УСАИД, велат дека ова е само дел од активностите што ги планираат за мотивирање на граѓаните да бидат заштитени од ковид 19.

Од 21 март до 3ти април караванот помина низ Шуто Оризари, Куманово, Липково, Арачиново, Чучер Сандево...вакцинални тимови и волонтери чекаа заинтересирани за вакцини, иако имале населени места каде во пунктот се појавил само еден граѓанин.

Од МЗ ни одговорија дека треба да продолжат со активности за лесен пристап до вакцини и веродостојни информации за ковид 19, а поширока кампања најавија и од Комисијата за заразни болести.

-Ќе има кампањи, не се откажуваме од вакцините како најефикасен мењтод, така да следниот период очекувајтењ повеќе информации и акции за ефикасноста на вакцините, изјави прод. Др. Александар Петличковски, претседател на Комисија за заразни болести.

И додека здравствените власти ќе одат со кампањи за вакцинаИмаше ли ефект вакциналниот караван за подигање на нивото на вакцинирани?ција, граѓаните чекаат маските да паднат и на Кризен штаб и седница на Влада. Последните препораки на Комисијата за заразни болести во затворен простор да нема задолжително носење на маски освен во аптека, болница, јавен превоз и старски домови како и укинување на изолација за контакти, најверојатно ќе се најдат на владина седница во вторник.