Македонија
12. April 2020 - 19:45

Индивидуалните земјоделци бараат дозвола за движење

Градинарите од охридско стравуваат за насадите поради ограниченото движење.Со оглед на тоа дека поголемиот дел од нив се на возраст над 65 години и живеат во градот а на село им се пластениците тие како локални микропроизведители не се регистрирани земјоделци и не можат да добијат дозвола за движење во услови кога има ограничување.

Микроземјоделците ќе бидат погодени и со затворањето на зелените пазари бидејќи 90 проценти од нив токму таму ги палсираат своите производи.

Стојаноски вели дека потребно е да се изнајдат механизми  да им  помогне на земјоделците и овоштарите бидејќи ќе се соочиме со недостиг на домашна храна .