Инфективна се полни, но Детската болница Козле се празни од ковид пациенти
Додека Инфективна се полни, детската болница се празни од ковид пациенти.
Ниту едно дете со Ковид-19 не е хоспитализирано неделава во детската болница Козле. Последните денови немаат ниту сомнителни случаи за преглед во амбулантите. Се намалува и бројот на деца кои имаат потреба од болничко лекување поради компликации од вирусот.
-Во моментот имаме 14 деца кои се хоспитализирани, сите се со добра клиничка слика, изјави д-р Бесник Зеќири, директор на детската болница Козле.
Додека се намалува бројот на Ковид позитивни деца во болницата бележат зголемен број на мали пациенти со настинки, сезонски грип и останати вирусни инфекции. Лекарите во Институтот дневно прегледуваат и по 100 болни деца со респираторни симптоми.
-Не се само деца на школска возраст иако доминираат односно 60 проценти од децата се на таа возраст имаме и деца од нула години, односно од месец-два, вели д-р Зеќири.
За разлика од детскиот Ковид Центар, Инфективната клиника повторно се полни со возрасни пациенти со компликации од Ковид. Исполнет е 80 отсто од капацитетот.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
