Македонија
24. October 2024 - 12:49
Информатичките науки столб за секој бизнис
Новите технологии ја наметнуваат потребата кај младите се повеќе да се интересираат за информатичките науки. На Универзитетот Свети Апостол Павле во Охрид кој опстојува 15 години дипломирале 1500 домашни и 240 странски студенти досега учени од 70-тина професори од земјава и странство кои студирале на врвни универзитети.
Потребата од постојано изучување на новите развиени технологии е она кое што ги прави овие науки и технологии мошне атрактивни и предизвикувачки.
Најголем дел од дипломците наоѓаат работа веднаш по завршувањето на студиите или го продолжуваат школувањето на врвни институции, вели ректорот Бимбиловски.
Денес информатичките науки и технологии се столбот и основа за конкурентност и ефикасност на секој бизнис.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
