ИНРМ изработи образец за пријавување прекршок во случај кога не е овозможен визуелен пристап до струјомерите
Здружението Инженери на Република Македонија (ИНРМ) изработи шаблон (образец) за пријавување прекршок во случај кога на корисниците не им е овозможен визуелен пристап до струјомерите со цел да се олесни поднесувањето на пријави од страна на граѓаните. Секој засегнат корисник може слободно да го преземе образецот, пополни и достави по електронски пат или редовно по пошта.
-Врз основа на официјалниот одговор добиен од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, ИНРМ изработи урнек за поднесување на претставка до Државниот инспекторат за енергетика, рударство и минерални суровини, кој може да го користи секој граѓанин што смета дека му е повредено правото на визуелен пристап до сопствениот струјомер, велат од ИНРМ.
Министерството, додаваат, потврди дека токму Државниот инспекторат за енергетика е надлежен за спроведување инспекциски надзор во случаите кога операторот на електродистрибутивниот систем (ЕВН Македонија АД) не овозможува пристап до мерниот уред, што претставува повреда на член 164 став (1) точка 19 од Законот за енергетика. Истовремено, овој прекршок е санкциониран со глоба од 1.000 до 3.000 евра во денарска противвредност согласно член 286 од истиот закон.
Од ИНРМ ги повикуваат граѓаните, на кои не им е овозможен директен увид во бројките на сопствениот мерен уред, да го искористат правото на пријавување, со цел да се заштитат како потрошувачи. Претставката, како што велат, е достапна на следните линкови:https://www.inzenerinarm.com/prevzemanje-dokumenti и https://www.facebook.com/share/p/16P8CmATVr/ .
МИА
Ново на Сител
-
Германија го запира извозот на воена опрема во Израел и повикува на прекин на огнот во Газа
-
76-годишна жена измамена за 20.000 евра - и кажале дека ќерка и била прегазена, биле потребни пари за операција
-
78-годишен пешак прегазен во Битола
-
Кривична за гостиварчанез за семејно насилство
-
Совети за очниот притисок и негово регулирање
-
Битолските пожарникари спасија заглавено лице на дрво во Градскиот парк
-
Мицкоски: Слава за хероите од Карпалак
-
Повеќе од две третини од Украинците сакаат преговори за завршување на војната