Loading Video...
Фудбал
20. April 2022 - 14:37

Интер преку Милан до финалето на Купот на Италија

Екипата на Интер е првиот финалист во фудбалскиот Куп на Италија.
 
Во реванш полуфиналниот дуел Интер го надигра градскиот ривал Милан со 3-0, па по нерешените 0-0 во првиот натпревар „неро-азурите“ обезбедија финале. 
 
Аргентинецот, Лаутаро Мартинес го најави триумфот со голот уште во 4-тата минута, а истиот фудбелер во 40-тата зголеми на 2-0. 
 
Иако во 66-минута „миналезите“ постигнаа гол, сепак тој беше поништен поради офсајд.
 
Герменецот, Госен со голот во 82-минута, ги згасна сите надежи на Милан, поставувајќи ги конечните 3-0.
 
Интер сега ќе го очекува исходот од вечерашната реванш средба меѓу Јувентус и Фиорентина, во која Јуве ќе влезе со предност од 1-0 остварена на првиот натпревар.