Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците

Собранието денеска ќе ја започне 104. собраниска седница на која како прва точка на предложениот дневен ред е Интерпелацијата за работата на министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски. Пленумот треба да се изјаси за потребата за носење на повеќе закони во прво читање и по скратена постапка, како и за Предлогот на кодекс за етичко однесување на пратениците во Собранието.
Интерпелацијата за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство e поднесена од пратничката група предводена од СДСМ, кои наведуваат дека се поднесува поради сериозни сомнежи за системска корупција во ресорот, потврдена со апсења на високи функционери за примање мито и директно загрозување на јавниот интерес, како и, како што се посочува, поради суспензијата на ИПАРД 3 програмата. Опозоциските пратеници во интерпелацијата посочуваат и дека донесените мерки и политики покажале ризик од селективна и нетранспаретна распределба на јавните средства, кои одат директно на штета на земјоделците.
Предложениот дневен ред има 40-тина точки меѓу кои предлог на одлуки за избор на член на Државниот совет за превенција на детско престапништво и правда за деца, за изменување на Одлуката за избор на претседатели, заменици на претседателите, членови и нивни заменици на комисиите на Собранието, за избор на член на Државната комисија за спречување на корупцијата, за изменување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на Собранието на Република Северна Македонија за соработка со парламенти на други држави, Предлог на одлука за распишување јавен оглас за избор на членови на Советот за граѓански надзор, за изменување на Одлуката за избор на претседател, членови и нивни заменици на Комисијата на Собранието на Република Северна Македонија за следење на соодветната и правична застапеност на граѓаните кои припаѓаат на сите заедници, за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември", за избор на член на Судскиот совет.
Се очекува на седницата пратениците да ја донесат потребата за носење на Предлог на закон за парничната постапка (*),
Предлог на закон за судска служба, Предлог на закон за јавнообвинителска служба, Предлог на закон за соодветна и правична застапеност, Предлог на закон за игрите на среќа и за забавните игри, Предлог на закон за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Предлог на закон за високи раководители, Предлог на закон за изменување на Законот за упатување работници од Република Македонија во други држави за изведување на градежни работи преку проектни договори и за вршење на други сезонски работи, Предлог на закон за користење на енергијата од обновливи извори (*), Предлог на закон за оружјето (*), Предлог на закон за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи(*), Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за данокот на додадена вредност, Предлог на закон за соодветна и правична застапеност и Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за возила (сите во прво читање).
По скратена постапка се предлага да се донесат Предлог на закон за продажба на станови во државна сопственост доделени на користење на вработени во Министерство за внатрешни работи, Предлог на Закон за изменување и дополнување на Законот за управување со конфискуван имот, имотна корист и одземени предмети во кривична и прекршочна постапка, Предлог на закон за дополнување на Законот за електронските комуникации, Предлог на закон за основање на Факултет за медицински науки и здравство во состав на Универзитетот ,,Св.Климент Охридски''-Битола, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за Судскиот совет на Република Северна Македонија, Предлог на закон за изменување на Законот за судовите, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за технолошки индустриски развојни зони, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за индустриски- зелени зони, Предлог на закон за изменување на Законот за енергетска ефикасност, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за угостителската дејност, Предлог на закон за изменување на Законот за шумите, Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за земјоделското земјиште,
Предлог на закон за дополнување на Законот за градење, Предлог на закон за изменување на Законот за урбанистичко планирање, како и Предлог на закон за дополнување на Законот за договорен залог.
На дневен ред на седницата е и Предлог на стратегија за изменување и дополнување на Стратегијата за регионален развој на Република Северна Македонија 2021-2031.
МИА
Ново на Сител
-

Приведени пет турски државјани во Скопје поради нерегулиран престој
-

Под седиштата и во фабричка шуплина на автобус шверцувале пури во вредност од 4.000 евра
-

Девизните резерви 5,21 милијарда евра
-

Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст
-

Интерпелацијата на министерот за земјоделство Трипуновски пред пратениците
-

Вашингтон ги повика европските земји да воведат ограничувања за патувања поради еболата
-

ЕУ предлага пакет поддршка за земјоделците погодени од трошоците за ѓубрива
-

Украина изврши нови напади врз Москва и повеќе руски региони
