Завршува учебната, основците и средношколците одат на летен распуст

За основците и средношколците денеска е последниот училиштен ден од учебната 2025/2026 година и до 31 август ќе бидат на летен распуст.
За повеќе од 14 500 матуранти наставата заврши на 15 мај, а утре (11 јуни) оние што се пријавени за државна матура ќе го полагаат задолжителниот екстерен испит - мајчин јазик (македонски, албански, турски или српски), а кандидатите за државна стручна и за државна уметничка матура ќе го полагаат на 12 јуни. Првиот дел изборниот екстерен предмет матуранти го полагаа на 6 јуни.
Од вкупно пријавени 14 587 ученици за полагање на матурата, 12 184 се пријавиле да полагаат државна матура, 2276 ученици за државна стручна матура и 127 се пријавени за државна уметничка матура.
Полуматурантите, пак, овој месец треба да се запишуваат во прва година средно образование. Учениците ќе се пријавуваат електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици од сопствените кориснички сметки на schools.mk, а потоа во училиштата во кои ќе конкурираат ќе ја доставуваат потребната документација.
Во јуни ќе има две електронски пријавувања на учениците. Според Конкурсот на МОН, првото ќе биде од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни, а второто пријавување во јунскиот рок ќе се врши на 23 јуни. Во августовскиот уписен рок ќе има едно пријавување - на 20 август.
Со конкурсот се предвидени над 25.000 слободни места во сите 109 јавни средни училишта во државата. Од нив, повеќе од 17.000 се во стручното образование, речиси 6.000 во гимназиското и 570 слободни места во уметничкото образование.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори
-

Лишени од слобода осум лица за поседување дрога
-

,,Алкохолот и воланот не се добар пар" - превентивна активност на СВР Тетово
-

Ѓорѓиевски: Циборовски го зачува духот на Старата скопска чаршија, наша обврска е да ја чуваме
-

Во Велес одбележани 80 години од смртта на хероината Мирка Гинова
-

Преку отворен прозор ја фатил својата мајка и со возилото ја влечел 20 метри, приведен 24 годишник
-

Мицкоски: Утре се очекува соопштение дека водата во Гостивар е технички исправна
-

Трагедија: 16 годишно момче почина откако ја изгубило свеста
