Приведени 11 возачи за „безобѕирно управување возило“ во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик.
Од нив, пет лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: 23-годишната А.Џ., Е.З.(26), Б.Д.(51) и 16-годишник, сите од Скопје и 14-годишник од с.Добрино, скопско.
Под дејство на алкохол патничко возило управувале М.С.(42) од с.Уларци, Општина Чешиново – Облешево и Д.Е.(64) од Неготино, кој предизвикал и сообраќајна незгода со материјална штета.
Со активна мерка забрана за управување, возеле: А.С.(36) од Битола, Р.Р.(26) од кичевско и М.Д.(21) од Кавадарци, кој бил и под дејство на алкохол.
Додека пак, М.Н. (34) од Црна Гора управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.
По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
- Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај, велат од МВР.
Ново на Сител
-

Дожд се очекува утре, потоа следуваат сончеви денови
-

ФБИ со честитки до МВР за успешната акција против меѓународниот сајбер-криминал!
-

Пронајден е и санкциониран возачот кој „дрифташе“ во Штип
-

Трамп: Лицата кои оддаваат информации за воените операции на американската армија треба да бидат стрелани
-

Кривична пријава против полициски службеник - фалсификувал дарување крв
-

Мадуро денеска ќе се појави пред суд во САД по нови обвиненија за тортура
-

Муцунски: Иднината им припаѓа на државите што инвестираат во поврзаност, отпорност и партнерства
-

Маск сугерира дека американската влада е одговорна за ограничувањето на воената сателитска мрежа во Украина
