Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
Едно „не“ од земја членка може да го блокира македонскиот јазик во Европската Унијата кога би станале дел од европското семејство. Новиот работен документ на Европската комисија за проширувањето потсетува дека одлуките за јазичниот режим на Унијата се носат едногласно, што значи дека секоја земја членка има можност да се спротивстави на воведувањето нов официјален јазик.
Ваквите најави на Брисел со кој на новите членки не им се дава гаранција дека официјалниот јазик ќе стане и службен во Унијата ги урива тврдењата на СДСМ дека македонскиот јазик е загарантиран со преговарачката рамка, остро реагира пратеникот Антонио Милошоски.
Во никој случај македонскиот јазик не е доведен во прашање вели за Сител пратеничката од СДСМ Бисера Костадиновска Стојчевска. Потенцира дека новиот јазичен режим од работниот документ на Брисел изрично не го споменува македонскиот јазик, но едногласноста во одлуките постои.
Брисел предупредува дека воведувањето нови официјални јазици во ЕУ бара години подготовки, обучени преведувачи и значителни финансиски средства. За јазиците од Западен Балкан дополнителен предизвик биле и ограничените податоци за вештачка интелигенција и навремениот превод на европското законодавство.
-
Ивана Соколовиќ Најдова
Сите содржини од овој новинар
