Инвестирани над 65 милиони евра во образованието во последната една и пол година, вели Мицкоски

Во последната една и пол година Владата инвестирала повеќе од 65 милиони евра, информира премиерот Христијан Мицкоски и додава дека ќе продолжат со инвестиции во образованието, кое, како што нагласува, е еден од нивните главни приоритети.
- Последното што го разгледувавме беше податокот дека за една и пол година повеќе од 65 милиони евра се инвестирани во образованието. Од нив, речиси 56-57 милиони евра се дел од програмата АА, така што образованието е еден од наште главни приоритети како Влада и продолжуваме и натаму да инвестираме бидејќи, без квалитетно образование, нема иднина - рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање по посетата на целосно реконструираната спортска сала во Кратово.
И овој објект, додаде, е дел од овие инвестиции во инфраструктурата.
- Овој објект е дел од овие инвестиции. Има повеќе од 160-170 проекти во државата предвидени за инвестирање во делот на образованието, во училишта, студентски домови..., нешто што е императив за оваа Влада - рече македонскиот премиер.
МИА
Ново на Сител
-

Сиљановска Давкова: Филипче направи грешка што не отиде на лидерска
-

Тема на денот со Гордана Сиљановска Давкова, претседателка
-

Вработени во УЈП и сопственици на фирми испумпале скоро 5 милиони евра државни пари
-

Мицкоски: Законските измени за „Safe Сity“, ќе се гласаат на наредната седница во Парламентот
-

Јавна расправа за измените на КЗ во Парламентот
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
