Ирак постигна договор со САД за извоз на нафта преку Ормуската Теснина

Ирак постигна договор со Соединетите Американски Држави со кој се овозможува извоз на ирачка нафта преку Ормуската Теснина, по пловен пат долж крајбрежјето на Оман, изјави синоќа ирачкиот министер за надворешни работи, Фуад Хусеин.
Во интервју за телевизијата „Ал Џезира“, Хусеин рече дека загубите на Ирак од војната во Иран и нарушувањата во извозот на нафта достигнале 60 милијарди долари.
Тој посочи дека американското Министерство за финансии побарало од Багдад да ги затвори граничните премини со Иран, при што би останале отворени само два – еден во Курдистанскиот регион и еден во останатиот дел од земјата.
Хусеин нагласи дека Багдад води постојан дијалог со Вашингтон за да се спречи нанесување штета на ирачката економија, имајќи ги предвид тешкотиите во спроведувањето на барањето и неговото директно влијание врз трговијата меѓу Ирак и Иран, чија годишна вредност се движи меѓу 15 и 18 милијарди долари.
МИА
Ново на Сител
-

Ребалансот на буџетот и Законот за јавни набавки со над 2000 амандмани на Собраниска седница
-

Филипче: Во кое својство Мицкоски преговара за продажба на Алта Банка?
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев нека кажат дали стоеле зад внесот на 110 милиони евра „испрани“ пари од Венецуела
-

Македонија на прво место во сообраќајна безбедност на Светскиот полициски самит во Дубаи
-

Неопходно е поголемо спознавање на сопствената историја
-

Преглед на вестите од светот
-

ДУИ обвинува за јазична дискриминација, ИЈЗ тврди дека нема неправилности
-

Тема на денот со Кирил Миноски, поранешен министер за финансии
