Иран ги обвинува САД во ОН за насилните протести во Исламската Република

САД се виновни за „трансформирањето на мирните протести во насилство, субверзија и широко распространет вандализам“ во Иран, изјави постојаниот претставник на Исламската Република во ОН пред Советот за безбедност.
Иран го осудува „континуираното, нелегално и неодговорно однесување на САД во координација со израелскиот режим во мешањето во внатрешните работи на Иран преку закани, поттикнување и намерно промовирање на нестабилност и насилство“, напиша иранскиот амбасадор во ОН, Амир Саид Иравани, во писмо.
Дипломатот го обвини Вашингтон за „дестабилизирачки практики“ што ја поткопуваат основачката повелба на ОН, ги кршат основните принципи на меѓународното право и ги загрозуваат темелите на меѓународниот мир и безбедност.
На улиците на Техеран, според ограничени информации од Иран, каде што е на сила прекин на интернетот што трае повеќе од 24 часа, протестите се одржаа синоќа и покрај заканувачките СМС-предупредувања до граѓаните да не учествуваат, објави Би-Би-Си.
Најмалку 62 лица загинаа во анти-владините протести, јави вчера американската новинска агенција „Активисти за човекови права“,
Според агенцијата, која и во претходни бранови на насилство за време на протестите во Иран се покажала како точен извор, за време на демонстрациите биле уапсени најмалку 2.300 лица, пренесе БТА.
МИА
Ново на Сител
-

ФЗО и ПМФ склучија договор за детални генетски анализи кај онколошки пациенти
-

Вевчански карневал од 12-14 јануари
-

Преглед на вестите од светот
-

Висок водостој на реките на Истокот, но без опасност од поплави
-

Од утре нов екстремно студен бран во Македонија
-

Филипче: Нема лидерска среда, техничката влада не смее да биде укината
-

На ПМФ ќе се вршат напредни дијагностички анализи кај различни онколошки состојби
-

Последни подготовки за Вевчански карневал
