Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови

Иранската револуционерна гарда го затвори Ормутскиот Теснец, што доведува до зголемување на цените на нафтата и преиспитување на транзитните политики.
Иранската револуционерна гарда упати порака до бродовите дека не можат да поминат низ Ормутскиот Теснец, пренесува агенцијата „Тасним“.
Претходно беше соопштено дека поголем број танкери за нафта или гас ја избегнуваат пловидбата низ Ормутскиот Теснец, кој го поврзува со нафта богатиот Персиски Залив со Индискиот Океан.
Танкери со нафта и гас се натрупуваат и внатре и надвор од влезот во теснецот, при што некои сопственици ја преиспитуваат својата политика за транзит, а други одобруваат пловидба на своите бродови, но со зголемена претпазливост, пренесуваат западни медиуми.
Ормутскиот Теснец е едно од најголемите жаришта во периоди на тензии со Иран, бидејќи секојдневно низ оваа рута поминува една петтина од светската морска нафта и течен природен гас.
Аналитичарите оценуваат дека ова е најопасниот момент за глобалната енергетска стабилност во последните години и дека светот влегува во фаза на сериозна економска неизвесност доколку теснецот остане затворен.
Ново на Сител
-

Претседателката Сиљановска-Давкова за утре го свика Советот за безбедност
-

Пезешкијан го осуди американско-израелскиот напад врз иранско основно училиште
-

Нетанјаху: Постојат многу знаци дека врховниот лидер на Иран повеќе не е жив
-

Двајца играчи на КК Партизан „заглавени“ на аеродром во Дубаи
-

Русија и Катар повикуваат на прекин на воените дејствија
-

Иранската Црвена полумесечина соопшти дека повеќе од 200 луѓе загинале во американско-израелските напади
-

Иран го блокира Ормутскиот теснец - стопирани нафтените бродови
-

Меѓународниот аеродром во Кувајт гаѓан со дрон
