Иран им се закани на САД, Велика Британија и Франција со напади врз нивните воени бази и бродови ако му помогнат на Израел

Иран ги предупреди САД, Велика Британија и Франција дека нивните воени бази и бродови во регионот би можеле да бидат цел доколку трите земји му помогнат на Израел во конфликтот со Техеран – објавија иранските медиуми.
Според иранската новинска агенција Фарс и високи воени извори, нападите врз Израел ќе продолжат, а целите на Техеран ќе ги вклучат и американските воени бази на Блискиот Исток.
– Оваа конфронтација нема да заврши со ограничените акции од синоќа и иранските напади ќе продолжат. Овие акции ќе бидат многу болни и за жал – со тешки последици за агресорите. Војната што ционистичкиот режим ја започна со агресија ќе се прошири во наредните денови на сите територии окупирани од овој режим и американските бази во регионот, а агресорот ќе стане цел на решителен и голем удар од страна на Иран – соопшти иранската војска.
Во меѓувреме, Дмитриј Генделман, советникот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) ќе го прошират обемот на својата воена операција против нуклеарната програма на Иран.
– ИДФ ја проширува големата операција на иранска територија против неговата нуклеарна програма и како одговор на континуираната агресија на (иранскиот) режим. Десетици клучни локации се погодени, вклучувајќи лансери за балистички ракети, воени бази и стратешка инфраструктура, врз основа на точни разузнавачки информации – објави Генделман на апликацијата „Телеграм“.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски се сретна со израелската амбасадорка Вивиан Аисен
-

Македонските кикбоксери со 110 медали на „Балкан Бест Фајтер“ на врвот како најуспешни
-

Сончево до крајот на седмицата, утринска магла по котлините
-

Кривична за тројца бугарски државјани кои биле затекнати со делови од македонски народни носии
-

Вечерва во 18 часот се осветлува Скопје: Ѓорѓиевски најави богата новогодишна програма на плоштадот „Македонија“
-

ВМРО-ДПМНЕ со своја Резолуција во Собранието
-

Медиуми во Австралија: Крвавиот напад на плажата Бонди го извршиле Саџид и Навид Акрам
-

На грчки брод откриени неколку тони кокаин
