Иран нападна цели во соседните земји

Кувајт денеска соопшти дека рафинеријата за нафта Мина ал-Ахмади повторно била нападната од ирански беспилотни летала, предизвикувајќи пожари во неколку нејзини објекти, пренесуваат светските агенции.
Фабриката беше нападната и вчера, што исто така предизвика пожари. Кувајт соопшти дека пожарникарите денеска се обидуваат да ги локализираат пожарите и дека немало жртви во нападот.
Мина ал-Ахмади може да преработува околу 730.000 барели нафта дневно. Таа е една од трите рафинерии во Кувајт, мала, богата со нафта држава во Персискиот Залив.
Денешниот напад се случува во време кога Иран сè повеќе ги таргетира енергетските објекти во арапските држави од Заливот откако Израел завчера го бомбардираше големото иранско морско наоѓалиште на природен гас Јужен Парс во Персискиот Залив, забележуваат агенциите.
Министерството за внатрешни работи на Бахреин соопшти дека пожар избувнал рано утрово откако шрапнели паднале врз магацин во островското кралство. Пожарникарите работеле на ставање на пожарот под контрола, се вели во соопштението.
Саудиска Арабија соопшти дека рано утрово соборила неколку ирански беспилотни летала насочени кон нејзината богата со нафта Источна провинција.
Силни експлозии го потресоа Дубаи во Обединетите Арапски Емирати рано денеска, додека воздушната одбрана пресретна напад над градот. Пред нападот беше издадена тревога, а властите изјавија дека ја активираат воздушната одбрана за да го одбијат иранскиот оган. Канцеларијата за медиуми во Дубаи, комуникациската гранка на владата на емиратот, соопшти дека властите во Дубаи го потврдиле успехот на сите операции за пресретнување на воздушни закани.
МИА
Ново на Сител
-

Туск: Орбан е решен да продолжи да ја блокира помошта за Украина
-

Захарова: Нападот врз иранското пристаниште Бандар-е Анзали ги погоди економските интереси на Русија
-

16-годишник со пиштол се заканувал на свој врсник по расправија за девојка
-

Четири мотоцикли изгореле во пожар во Прилеп
-

Велосипедист повреден во сообраќајна незгода на излез од бензиска
-

Честитка од претседателот на Собранието Гаши по повод Рамазан Бајрам
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
