Иран не ја отвора Ормуската Теснина без надомест за бродарина

Иран одговори на ултиматумот од американскиот претседател Доналд Трамп со објавување нови закани за Ормуската Теснина, што е витална артерија за глобалните испораки на нафта и гас, јави ДПА.
„Ормуската Теснина ќе се отвори повторно само кога, според нов правен режим, штетите од наметнатата војна ќе бидат целосно компензирани од дел од приходите од бродарина за транзит низ преминот“, изјави синоќа на Икс, Мехди Табатабаеи, службеник за комуникации во канцеларијата на иранскиот претседател.
Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (IRGC) соопшти дека морскиот премин нема да се врати во претходната состојба, особено не за САД и Израел, наведуваат иранските медиуми, пренесени од ДПА.
Техеран тврди дека има контрола врз целиот премин и планира да воведе систем на бродарина за транзит низ него.
Трамп го предупреди Иран дека се соочува со напади врз електрани и мостови ако не се придржува до ултиматумот за ортворањ ена теснината до вторник во 20 часот (среда 00:00 GMT). Во објава на неговата платформа Truth Social, тој рече: „Отворете го проклетиот премин, луди гадови, или ќе живеете во пеколот – САМО ГЛЕДАЈТЕ!“
Табатабаеи рече дека Трамп се обратил навредливо од „очај и бес“, обвинувајќи го за поттикнување на целосна војна во регионот.
Мисија на Иран во Обединетите нации изјави на Икс дека Трамп отворено се заканува дека ќе ја уништи инфраструктурата што е неопходна за опстанокот на цивилите, повикувајќи ја меѓународната заедница да дејствува за да спречи тоа што го опиша како воени злосторства, пренесе ДПА.
Ново на Сител
-

Во првиот квартал 2 472 хипотеки на недвижности
-

Кремљ ѝ порача на ЕУ: Ги преминавте сите црвени линии
-

Едно лице загина во Париз по немирите по победата на ПСЖ во Лигата на шампионите
-

Во Конго и Уганда се потврдени 263 случаи на ебола
-

Николоски: Во Новаци инвестираме 1,2 милиони евра во изградба на индустриска зона и улици, се градат и првите две фабрики
-

МВР: Шест возачи приведени поради безобѕирно управување, дел под дејство на алкохол
-

МВР: Одобрение за патување во странство за деца до 14 години ќе се издава и во сабота
-

Четири лица лишени од слобода и еден службен разговор по седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
