Иран: Нема подготвеност за отворање на Ормуската Теснина без траен прекин на огнот

Иран нема повторно да ја отвори Ормуската Теснина во замена за „привремен прекин на огнот“, изјави денеска за Ројтерс висок ирански функционер, додавајќи дека Техеран верува дека Вашингтон не е подготвен за траен прекин на огнот.
Функционерот потврди дека Иран добил предлози за итно примирје и ги разгледува, но додаде дека Техеран не прифаќа да биде притиснат да не се согласи со роковите и да донесе одлука.
Пакистан изготви рамка за прекин на борбите и синоќа ја испрати до Иран и САД, изјави извор на Ројтерс, повикувајќи се на двофазен пристап со итно примирје проследено со сеопфатен договор.
Американскиот портал „Аксиос“ синоќа објави дека САД, Иран и регионалните медијатори разговараат за потенцијално 45-дневно примирје како дел од двофазен договор што би можел да доведе до траен крај на војната, повикувајќи се на американски, израелски и регионални извори.
Според предлогот, Ормуската Теснина би била повторно отворена, а завојуваните страни би имале помеѓу 15 и 20 дена за финализирање на поширок договор.
Ново на Сител
-

Цената на нафтата расте додека се приближува рокот за ултиматум на Трамп кон Иран
-

Приведен 22-годишен скопјанец, му нашле производи без документација
-

Стратешка енергетска соработка: Божиновска на средба во Белата куќа со советник на Трамп
-

Извештај: Новиот ирански врховен лидер Моџтаба Хаменеи во тешка состојба во Ком
-

Денес се празнува Благовештение на Пресвета Богородица - Благовец
-

Тројца нови амбасадори ќе ги претстават платформите за дипломатските активности пред Комисијата за надворешна политика
-

Венс пристигна во Будимпешта
-

Во Вашингтон денеска Стратешки дијалог Македонија - САД
