Иран, првпат по примирјето, ги нападна ОАЕ

Иран денеска истрела четири ракети врз Обединети Арапски Емирати, првпат по воспоставувањето на примирје помеѓу САД и Иран на почетокот на април.
Министерството за одбрана на ОАЕ соопшти дека Иран лансирал четири крстосувачки ракети, од кои три се соборени, а една паднала во морето.
Врз ОАЕ беа истрелани и дронови, од кој еден предизвика пожар во индустриската зона во Фуџаира, при што се повредени тројца државјани на Индија. Фуџаира е најголемото пристаниште и централно складиште за нафта во ОАЕ, кое дури и пред примирјето беше цел на напади со беспилотни летала.
Властите на ОАЕ денеска двапати ги предупредуваа граѓаните на опасност од напади.
Нападите врз ОАЕ уследија откако американска армија соопшти дека два трговски бродови под американско знаме успешно поминаа низ Ормуска Теснина и САД го почнаа Проектот слобода – бродови разорувачи опремени со наведувачки ракети во Персиски Залив помагаат да се обнови комерцијалниот сообраќај на бродовите.
Иранскиот корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) тврдењата на САД за бродови што минуваат низ Ормуска Теснина ги оцени како „целосни лаги“. ИРГЦ, исто така предупреди дека секое движење спротивно на упатствата на морнарицата на Гардата ќе се соочи со „сериозни ризици“.
МИА
Ново на Сител
-

Во Грција досега регистрирани 157 случаи на вирусот Западен Нил, починаа 13 лица
-

Кривичнa за четири лица од Прилеп, го оштетиле буџетот на Тутунски комбинат Прилеп за над 3,3 милиони денари
-

Водата во Северното Море со рекордно висока температура од 21,5 степени
-

Активни пожарите во Мариовско и општините Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила
-

Шпанија ќе премести околу 500 малолетници од Сеута во континенталниот дел на земјата
-

Принцот Хари и неговата сопруга Меган се враќаат во Велика Британија
-

Сеул проценува дека Северна Кореја има до 120 нуклеарни боеви глави
-

Тотенхем ќе купува кај Манчестер Сити
