Иран сè уште не одлучил за новата рунда преговори со САД

Иранското раководство сè уште не одлучило дали да учествува во нова рунда преговори со САД, објавија денеска локалните медиуми откако американскиот претседател Доналд Трамп објави дека неговите преговарачи ќе бидат во Пакистан утре на нови разговори за завршување на војната.
Додека американската морнарица продолжува да ја блокира Ормуската Теснина, нема да има понатамошни преговори, објави агенцијата Тасним, повикувајќи се на неименуван извор запознаен со ова прашање.
Но, исто така, агенцијата наведе дека двете страни размениле пораки во последните денови со посредство на Пакистан.
Трамп претходно денеска објави дека американските претставници ќе бидат во Исламабад утревечер за продолжување на разговорите, но нема официјална потврда од Техеран дали таму ќе бидат и ирански преговарачи.
Извори од Белата куќа за ДПА изјавија дека во американската делегација ќе бидат потпретседателот Џ.Д. Венс, кој ги водеше преговорите минатиот викенд во Исламабад, како и специјалниот пратеник Стив Виткоф и зетот на Трамп, Џаред Кушнер.Но, американскиот претседател Доналд Трамп во меѓувреме изјави дека потпретседателот Џ.Д. Венс нема да патува за Пакистан на втората рунда преговори од безбедносни причини, иако првиот дел од преговороте ги водел одлично.
Разговорите во Исламабад, патем, завршија без конкретни резултати.
МИА
Ново на Сител
-

Дојави за бомби во два трговски центри во Скопје
-

Поленските алергии го зголемија бројот на пациенти во клиниката „Козле“
-

Со прекуграничен проект се обезбедува нова опрема за итната медицинска помош во Југоистокот
-

100 години ЗОО Скопје
-

Трамп повторно се закани дека ќе го нападне Иран
-

Марш на ангелите во Штип за вистината и правдата
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, екс амбасадор во Бугарија
-

ДДВ-то на дизелот се враќа од 10 на 18%
