Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети во регионот, јави вчера новинската агенција „Фарс“, која е тесно поврзана со иранскиот Корпус на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ).
„Фарс“ ја цитираше елитната единица која изјавила дека, доколку американската влада сака нејзините универзитети во регионот да бидат поштедени од одмазднички мерки, мора да го осуди бомбардирањето на иранските универзитети до понеделник во 12 часот (08:30 часот по Гринич).
На сите вработени, професори и студенти на американските универзитети во регионот, како и на жителите на околните области, им се советува да се држат на растојание од 1 километар од кампусите, пренесува „Фарс“ од соопштението на ИРГЦ.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Бакаи, изјави дека Технолошкиот универзитет во Исфахан и Универзитетот за наука и технологија во Техеран се „само два меѓу многуте универзитети и истражувачки центри намерно нападнати од агресорите за време на изминатите 30 дена во нивната нелегална војна против иранската нација“.
-Всушност, американско-израелската агресија врз Иран продолжува да ја открива својата вистинска цел: да ја осакати научната основа и културното наследство на нашата земја преку систематско таргетирање на универзитетите, истражувачките центри, историските споменици и истакнатите научници – рече Бакаи.
-Справувањето со иранската „нуклеарна програма“ и „непосредната закана“ не беа ништо друго освен злобни изговори, чисти измислици дизајнирани да ја прикријат нивната вистинска намера – рече тој.
Израел и САД почнаа координирани напади врз Иран на 28 февруари за време на преговорите за ограничување на способноста на земјата да создаде нуклеарно оружје. Иран отсекогаш инсистираше на тоа дека неговата нуклеарна програма е само за мирнодопски цели.
МИА
Ново на Сител
-

МЗТ Скопје Аеродром поведе во финалето против Маџари
-

Протести во Чешка во знак на поддршка на неависноста на јавниот сервис
-

Бројот егзекуции во светот во 2025 достигнал рекордно ниво за последните 44 години
-

Сиљановска-Давкова во официјална посета на Словенија, денеска ќе има средба со претседателката Пирц Мусар
-

Дел од општина Центар денеска без вода
-

Променливо облачно со сончеви периоди
-

Трамп со заканa за Иран: Времето ви истекува, подобро побрзајте или нема да остане ништо
-

Македонската ракометна репрезентција се пласираше на Светското првенство 2027
