Иранците потврдија за напади врз американските бази во Катар и во Ирак
Иранската државна радио-телевизија потврди дека иранската армија лансирала ракети кон американски бази на Блискиот Исток, поточно во Катар и во Ирак. Според американски медиуми, експлозии одекнуваат над Доха и над Лусаил, вториот по големина град во Катар. Најмалку 10 ракети се испукани кон Катар и најмалку една кон Ирак.
Како што беше нагласено, Корпусот на Исламската револуционерна гарда објави дека операцијата се нарекува „Добри вети за победа“ (Beshart-e-Fath).
„По јасната воена агресија на криминалниот режим на САД врз нуклеарни објекти за мировни цели на Исламската Република Иран и јасното кршење на меѓународното право, под водство на Врховниот совет за национална безбедност и раководството на Централниот штаб на Хатам ал-Анбија (ПБУХ), Корпусот на Исламската револуционерна гарда...ја таргетираше базата Ал-Удеид во Катар со разорен и моќен ракетен напад. Оваа база е седиште на воздухопловните сили и најголема стратешка предност на американската терористичка армија во регионот на Западна Азија“, објавија тие.
Засега, деталите за нападот и евентуалната штета не се познати. Покрај Катар, сирени се огласија и во соседните Бахреин и Кувајт.
Ново на Сител
-
Влада: Над 9 милијарди денари за земјоделците
-
Регистриран земјотрес со епицентар во Албанија
-
Почнува судењето против таткото на Васил Јованов за „предизвикување општа опасност“
-
Барселона во август се враќа на „Камп Ноу“
-
Трамп: Израел и Иран се согласија на апсолутен прекин на огнот
-
Сончево и топло до 38 степени
-
Американските сили објавија видео од Б-2А авионите пред нападот врз Иран
-
Да се избегнуваат патувања во земјите од Блискиот Исток со влошена безбедносна состојба, апелираат од МНР