-->
-->
Иранска Црвена полумесечина: Во американско-израелските напади оштетени се најмалку 105 цивилни објекти
-->

Иранската Црвена полумесечина денеска соопшти дека за шест дена, од почетокот на американско-израелските напади, во Иран оштетени се најмалку 105 цивилни објекти.
Досега вкупно има 1.332 напади на 636 локации, соопшти иранската Црвена полумесечина.
Иранските медиуми објавија дека се погодени станбени области во неколку градови, вклучително и делови од Техеран.
САД и Израел тврдат дека нападите се насочени кон иранската воена инфраструктура, вклучувајќи командни центри, безбедносни агенции и други објекти, со цел да се спречи Иран да се стекне нуклеарно оружје, како и да се ослабне неговата ракетна програма.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Две лица, меѓу нив судски полицаец, под истрага за примање награда за противзаконито влијание
-

58-годишник од Скопје силувал 13-годишно девојче
-

Николоски: Автопатот Кичево - Охрид е веќе при крај
-

Обезбедени се 100 нови амбулантни возила за јавните здравствени установи низ државата
-

Трамп: Иран ќе даде понуда насочена кон исполнување на барањата на САД
-

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар
-

Арагчи пристигна во Исламабад за да разговара за предлозите за обновување на мирот со САД
-

Лавров: САД го враќаат светот во ера кога немаше ниту меѓународно право ниту систем на меѓународни односи
