Македонија
25. April 2026 - 10:34

Без струја во одредени периоди од денот делови од општините Студеничани, Карпош и Центар

Без струја денеска во одредени периоди од денот ќе бидат корисниците на неколку улици во општините Студеничани, Карпош и Центар.

Како што информира ЕВН Македонија АД во период од 08:00 до 16:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците на дел од село Морани и викенд населба Морани во општина Студеничани.

Во периодот од 08:30 до 17:30 часот бе струја ќе бидат корисниците од објекти во круг на фабрика Карпош во населба Александрија и објект на Центроунион во општина Карпош).

Во периодот од 08:00 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од ул. „Никола Кљусев“, ул. „Максим Горки“ и дел од ул. „Даме Груев“, ул. „Орце Николов“ (Мали броеви) и ул. „Васил Главинов“ во општина Центар.

 

МИА