Иранската револуционерна гарда повторно им се заканува на бродовите на американските или израелските сојузници

Корпусот на Исламската револуционерна гарда (ИРГЦ) објави денеска дека Ормуската Теснина останува затворена и дека е забранета пловидба „до и од пристаништата на сојузниците и поддржувачите на израелските и американските непријатели“ преку кој било коридор или до која било дестинација – објавија иранските државни медиуми.
ИРГЦ додаде дека секој транзит низ Ормуската Теснина ќе биде пресретнат со „строги мерки“.
Три контејнерски брода што пловат под разни знамиња беа вратени од овој поморски пат по предупредување од морнарицата на Револуционерната гарда, објавија медиумите.
Иранското Министерство за надворешни работи во вторникот ги извести ОН дека „пловилата што не се непријателски“ може да поминат низ Ормуската Теснина во координација со иранските власти.
МИА
Ново на Сител
-

Божиновска: Денар плус попуст на дизелот
-

Мицкоски: Имаме најевтини горива во регионот
-

Филипче: Мерките не се доволни
-

Славески: Ја држиме инфлацијата под контрола
-

ДУИ: Регулаторна 2 пати неделно да определува цени
-

Костадиновски: Уставниот суд мора да остане независен
-

УГД во мисија, европско образование без граници
-

По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
