По проблемот во Струга „Охрид СОС“ бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори
Охрид СОС бара да се направат заштитни зони околу Билјанини извори за да се зачува питката вода.Од граѓанската иницијатива посочуваат дека по проблемот во Струга каде водата речиси месец дена беше технички неисправна за пиење поднеле иницијатива до Министертството за животна средина и министерството за здравство .
(Ова не е апстрактно правно прашање. Пред само неколку недели, во Струга, видовме што значи кога тие зони не постојат и зошто тие мора да постојат“, реагираат од иницијативата,)
Oд Центарот за јавно здравје велат дека кај Билјанини извори има табла бидејки водата не е со постојан квалитет за луѓето да не ја користат за пиење.
Добрите познавачи сметаат дека застарената инфраструктура, ограничените капацитети на јавните претпријатија и недоволната институционална координација се клучни проблеми . Поради тоа, Македонија подготвува силна инвестиција и реформи за да се обнови овој сектор.
-
Нина Аритиновска
Сите содржини од овој новинар
