ИРГЦ нападна американски воени бази во Блиски Исток

Иранската револуционерна гарда (ИРГЦ) соопшти дека синоќа нападнала американски воени бази во Блиски Исток како одговор на американските напади врз островите Сирик и Кешм.
Во соопштението на ИРГЦ се наведува дека се нападнати „непријателските бази во регионот со помош на ракети“.
ИРГЦ тврди дека ракетирани се американски бази во Кувајт и vo Бахреин, а исто така е стрелано врз четири танкери кои се обиделе да поминат низ Ормуска Теснина.
Централната воена команда на САД (ЦЕНТКОМ) соопшти дека американските сили пресретнале балистички ракети и дронови.
Техеран истрела седум балистички ракети кон Кувајт и Бахреин само неколку часа откако ЦЕНТКОМ собори четири ирански беспилотни летала лансирани кон Ормуска Теснина. Според ЦЕНТКОМ беспилотните летала претставувале директна закана за поморската пловидба во регионот.
Американските сили потоа ги нападнаа иранските крајбрежни радарски станици во Горук и на островот Кешм како одбранбена мерка од понатамошни напади врз бродовите.
Како што јавија кувајтските медиуми над земјата пресретнати се ракети и дронови од непознато потекло, додека во Бахреин се огласиле сирени и на жителите им било наредено да побараат засолниште.
Ново на Сител
-

Домашното јунешко месо без купувачи, сточарите пред колапс
-

Охрид полн со туристи
-

Заврши конзервацијата и реставрација на иконостасот во црквата Свето Благовештение која траеше 5 години
-

Преглед на вестите од светот
-

Саем за туризам во Крушево - Адреналински парк, спа центри, мали локални винарии, разни специјалитети
-

Тема на денот со Бујар Османи, потпретседател на ДУИ
-

Ново поскапување на горивата од понеделник, Собранието ќе гласа за продолжување на кризната состојба
-

Нови субвенции за жителите на Карбинци
