Македонија
5. September 2025 - 11:58

Исчезнат е 52 годишен кумановец

СВР Куманово сè уште трага по педесет и две годишниот кумановец кој беше пријавен за исчезнат пред два дена во кумановската полиција.

Лицето има здравствени проблеми, исчезнувањето во полицијата го пријавил неговиот татко.

-На 03.09.2025 во 11:30 часот во СВР Куманово, Т.П.(79) од Куманово пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син С.П.(52), информираат од Секторот за внатрешни работи, стои во соопштението на МВР.

 

МИА