-->
-->
Исчезнат полски државјанин на Водно, активирани тимови за потрага и спасување
-->
На бројот за итни повици 112 во Центарот за управување со кризи (ЦУК) денеска е пријавено исчезнување на машко лице, полски државјанин, на падините на планината Водно.
Веднаш по добивањето на пријавата, дежурниот оперативен центар на ЦУК ги известил надлежните институции. Министерството за внатрешни работи е мобилизирано за формирање специјален тим за пребарување, во акцијата се вклучени и екипи од Црвениот крст.
Дополнително, како што информираат од ЦУК,на терен веќе се упати и тим за заштита и спасување од Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Регионална школа за срцева слабост
-
Околу 170 бубрежно болни чекаат трансплантација
-
Муцунски: Вештачката интелигенција да се користи за зацврстување на мирот и стабилноста
-
Левица поднесува иницијатива пред Уставен и кривични за членовите на АМВУ и ДИК
-
ДИК го заклучи избирачкиот список - Право на глас имаат 1 832 415 граѓани
-
СДСМ: Просечната плата паѓа, а со тоа и животниот стандард на граѓаните
-
Владата инвестира 198 милиони денари за довршување на театарот во Струмица
-
Преглед на вестите од светот