Loading Video...
Свет
26. September 2025 - 12:29

Преглед на вестите од светот

Злосторството против човештвото што Израел го изврши во Појасот Газа е едно од најстрашните поглавја во 20 и 21 век, изјави палестинскиот претседател Махмуд Абас обраќајќи се на седницата на Генералното собрание на ОН преку видеопорака откако САД не му издадоа виза.

- Тоа што го спроведува Израел не е само агресија, туку е воено злосторство и злосторство против човештвото, кое ќе биде запишано на страниците на историските книги и во совеста на човештвото наведе Абас.

Израелски воздушен напад уништи клучна болница во сопственост на палестинска медицинска добротворна организација во источниот дел на Појасот Газа во вторник. Шесткатниот медицински центар беше една од ретките оригинални клиники што останаа во Газа. Секојдневно меѓу 700-1.000 пациенти, добиваа медицинска помош вклучувајќи примарна поддршка, здравје на жените, ментална и психолошка здравствена заштита и третман на траума. Исто така, во него се наоѓа и најголемата медицинска лабораторија во Газа. Во текот на изминатите три недели, три други клиники низ Газа беа или погодени или сериозно оштетени, што придонесува за растечкиот колапс на здравствените услуги во Појасот. Низ целиот Појас Газа, хуманитарната ситуација продолжува да се влошува, оставајќи ги луѓето без пристап до грижа, помош или каква било основа за безбедност.

Американскиот претседател Доналд Трамп по разговорите со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Овалната соба изјави дека Турција ќе се согласи со неговото барање да престане да купува руска нафта. Двајцата за време на разговорот се осврнаа и на потпишување нови договори за соработка меѓу двете земји.

Спасувачките напори продолжија и денеска во Тајван откако супертајфунот Рагаса поплави мал град. Обилните дождови во Хуалиен предизвикаа таканареченото бариерно езеро во планините да се прелее и да ослободи густа кал во градот Гуангфу. Продолжуваат и натаму спасувачките напори за пронаоѓање на 11 исчезнати, а бројот на загинати е 14.