Иселувањето ги празни штипските училишта
Бранот на иселување во западно веропските земји на жителите од истокот продолжува со не смален интензитет. Ова најдобро го илустрира училишната статистика. Само во прво полугодие, односно за 4 месеци, од септември до декември, од средните и основните училишта во Штип се испишале 81 ученик. Од нив, 12 се средношколци.
- Кај основните училишта ситуацијата е малку позагрижувачка, бидејќи таму имаме 69 ученика кои веќе побарале исписници, изјави Снежана Санева, раководител на Сектор за образование-ЛС-ШТИП.
Состојбата е многу слична и во Кочани. Во истиот временски интервал таму се испишале 63 ученици. Последните години се бележи тенденција, околу 20 до 30 % од родителите кои заминуваат на пробна работа, учениците да ги испишат, но после кратко отсуство повторно се враќаат.
- Заминувањето, кога се случува, го земаат за еден месец, бидејќи учениците и толку можат да отсуствуваат од настава и кога отсуствуваат го нагласуваат тоа и во тој месец дена се види дали ќе останат таму или ќе се вратат, додаде Санева.
Санева информираше дека од денеска успешно започна второто полугодие за околу 4000 основци и 2000 средношколци во штипските основни и средни училишта.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар