Искра Хаџи Василева денеска ја презема функцијата шефица на ОЈО ГОКК

Новоизбраната раководителка на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, Искра Хаџи Василева, денеска официјално ќе ја преземе функцијата од досегашниот шеф Ислам Абази, со примопредавање на должноста во просториите на ОЈО ГОКК.
Според најавата од Јавното обвинителство, по примопредавањето е предвидена и средба на јавниот обвинител Ненад Савески со Хаџи Василева и Абази.
Хаџи Василева беше избрана за раководителка на ОЈО ГОКК на изборите одржани на 28 октомври годинава, кога освои 64 гласа од вкупно 171 важечко гласачко ливче. За функцијата конкурираа и јавните обвинители Фатон Азизи, Трајче Пеливанов, Лидија Раичевиќ и Јован Цветановски.
По давањето на свечената изјава пред Советот на јавните обвинители, новоизбраната раководителка порача дека нејзини главни приоритети ќе бидат ефикасен кривичен прогон, целисходна работа на Обвинителството и максимално искористување на расположливите ресурси во борбата против организираниот криминал и корупцијата.
Таа најави заложби за поефикасно користење на постојните капацитети и обезбедување дополнителни ресурси, со цел постигнување подобри резултати во работата на Обвинителството.
Изборот на нов раководител на ОЈО ГОКК беше спроведен поради истекувањето на мандатот на досегашниот раководител Ислам Абази, кој беше избран на функцијата во октомври 2022 година.
Ново на Сител
-

Во Собранието денеска продолжи комисиската расправа за Буџетот за 2027 година
-

Мицкоски од Брисел: Сакаме предвидлив пат кон Брисел
-

Гаши најавува опозициски прашања без паузи
-

Годинава најмалото предвремено родено бебе во Македонија имало 530 грама – смртноста е намалена
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче се сокри на Бихаќка
-

Петрова: Колку што видов никој не и вршел притисок на Михаилова
-

Филипче: Блиску сме до грчко сценарио
