Исламот би можел да стане најголема светска религија до 2035 година

Исламот до 2035 година би можел да стане најголема религија во светот, надминувајќи го христијанството, покажуваат новите детални проекции објавени од британската телевизија „Скај њуз“.
Проекциите се изработени врз основа на истражување на Истражувачкиот центар „Пју“, кој веќе 25 години ги анализира демографските трендови поврзани со религијата. Истражувањето предвидува и дека до 2070 година нерелигиозните лица ќе сочинуваат тесно мнозинство од населението во Велика Британија.
Иако се очекува глобално зголемување и на бројот на христијани и на бројот на муслимани, исламот се шири значително побрзо. Како главна причина за тоа, Истражувачкиот центар „Пју“ го наведува фактот дека муслиманите во просек имаат повеќе деца од припадниците на другите големи верски заедници.
„Сè е во бебињата“, изјави демографот Конрад Хакет, кој објасни дека преминувањето во друга религија и другите промени во верскиот идентитет имаат значително помало влијание од стапката на фертилитет.
Во периодот од 2020 до 2025 година, стапката на фертилитет кај муслиманките изнесувала 3,1 дете по жена, додека кај христијанките била 2,5. Стапката потребна за природна замена на генерациите изнесува околу 2,1 дете по жена.
Новите проекции на „Пју“ предвидуваат дека до 2035 година во светот ќе има 2,57 милијарди муслимани и 2,52 милијарди христијани. Доколку продолжат сегашните трендови, до 2070 година бројот на муслимани ќе надмине 3,6 милијарди, додека бројот на христијани ќе биде помал од три милијарди.
Се очекува светското население во периодот од 2020 до 2070 година да се зголеми за 29 проценти. Од анализираните верски групи, само муслиманите и христијаните ќе го следат тој раст. Бројот на христијани се очекува да се зголеми за 30 проценти, а бројот на муслимани за дури 80 проценти.
МИА
Ново на Сител
-

Во Македонија има поголем удел на странски студенти отколку во ЕУ, секој десетти студент е странец
-

Димоглиду за иранската мрежа: Главниот товар на истрагата го имаа безбедносните служби на Северна Македонија
-

Девет медали за македонските кикбоксери на Европското првенство, Федерацијата реагира на судиски неправди
-

„Енвидија“ нема да го врати Џенсен Хуанг на функцијата извршен директор
-

Откупот и продажбата на земјоделски производи во третото тримесечје намалени за 8,8 проценти
-

Над милијарда евра вратени по истраги за злоупотреба во инвестициски фондови во Турција
-

Шасивари на конференција во Манила: Насилството врз децата бара одговор што ги надминува државните граници
-

Путин изјави дека очекува „голема корист“ од претстојната трилатерална средба со Трамп и Шји Џјинпинг
