Исплатени 265.720.530 денари субвенции кон 4 659 земјоделци, инвестиции од 16.041.565 во сточарството

Денеска се реализирани две исплати кон земјоделците. Реализирана е исплата во вкупна вредност од 265.720.530,00 денари кон 4 659 земјоделци за дополнителни директни плаќања за мерка 1.3 за остварено производство на пченица, јачмен, сончоглед, маслодајна репка и афионова чушка од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година, информираат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Ова, додаваат, е тековна исплата за 2024 година и е наменета за поддршка на производството на наведените земјоделски култури во 2024 година.
-Воедно, денеска се исплатени и средства во висина од 16.041.565,00 денари од Мерката 121 - Инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства подмерка 121.1 Набавка на високостелни педигрирани јуници (со исклучок на јуници од расата Буша), од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2023 година, појаснуваат од МЗПВ.
Од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство најавуваат дека продолжуваат со исплата на субвенции и инвестиции.
Ново на Сител
-

Одбележана 10-годишнина од воведувањето на македонскиот јазик во училиштата во Лесковац
-

Осум повредени завршија во болница по сообраќајна незгода на патот Гостивар-Тетово
-

Одрон на патот Охрид – Св. Наум, сообраќајот се одвива по една лента
-

Утрово најстудено во Берово, измерени -7 степени
-

АХВ спречи увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак.
-

Мицкоски и Тошковски на отворање на реконструираната полициска станица во Бутел
-

Сончево, со мала до умерена облачност
-

Трамп за фотографиите со Епстин: Го знаеше секој, нема ништо спорно
