Македонија
14. December 2025 - 16:29

Планирана замена на радарот на Меѓународниот аеродром Скопје | ВИДЕО

Нема дефект, туку планирана замена на секундарниот радар на Меѓународниот аеродром Скопје.

Денеска официјално почна процесот на демонтажа на стариот и неупотреблив радар, како и подготовка за инсталација на новиот, современ Мод С радар. Не се работи за никаков испад, вели првиот човек на МНАВ, Владимир Ристески. 

- Оваа постапка за промена на радарот нема никакво безбедносно влијание врз одвивањето на воздушниот сообраќај, дури и во случај на испад на другиот радар М-НАВ има пропишано безбедносни процедури за безбедно полетување и слетување на воздухопловите на Меѓународниот Аеродром Скопје, додава Ристески за Сител.

Скопскиот аеродром останува отворен за сообраќај.